Поранешната премиерка на Нов Зеланд стана глобална славна личност, меѓу другото, и по тоа што долго време беше верена со својот избраник.
Таа го водеше Нов Зеланд во периодот кога имаше вулкански ерупции, терористички напади и пандемија, освои рекордно мнозинство гласови од нејзината партија и на 37-годишна возраст, стана најмладата жена премиерка на влада во светот.
Сепак, од нејзините најрани појавувања на светската сцена, обожавателите и гледачите на Џасинда Ардерн (43), поранешната премиерка на Нов Зеланд, постојано се враќаат на истото прашање: дали и кога таа и Кларк Гејфорд (47), нејзиниот вереник би се венчале.
Во саботата конечно го добија својот одговор, кога парот објави официјални свадбени фотографии за медиумите.
Церемонијата, која се одржа во спектакуларниот Hawke’s Bay во Нов Зеланд, следи по повеќе од пет години медиумски шпекулации. Во јануари 2019 година, во медиумите беа објавени разни наслови за тоа дали г-ѓа Ардерн и г-дин Гејфорд ќе се венчаат или дали таа ќе размисли да го запроси г-дин Гејфорд ако тој не го постави прашањето, што предизвика обвинувања за сексизам.
Двојката, која е заедно една деценија и кои имаат 5-годишна ќерка, Неве Ардерн-Гејфорд, се запознале во 2012 година. Тие ја објавија свршувачката во мај 2019 година – откако новинар забележа светкав прстен на г-ѓа Ардерн.
Свадбената церемонија требало да се одржи на почетокот на 2022 година но поради пандемијата со корона вирусот како и ангажираноста на премирката во тоа време во борбата против пандемијата во Нов Зеланд била откажана.
Новинарите ја прашаа за плановите за свадба неколку месеци подоцна, на што г-ѓа Ардерн рече дека тоа не е на врвот на нејзината листа со приоритети. „Секако дека ќе се случи некогаш“, рече таа за радио емисија на Нов Зеланд.