Сe огласија студентите од Правниот факултет: „Звучен топ против народот?– Подмолно, ве чека робија!“

Сведоците на настанот тврдат дека слушнале нагли, непознати звуци, кои им се чинеле како урнишување или нагло приближување на нешто големо со голема брзина.


Студентите од Правниот факултет во Белград остро реагираа на информациите дека за време на акцијата „15 минути тишина” на Славија било употребено звучно оружје против собраните граѓани.

„Звучен топ на народот за време на 15 минути тишина!? Срамно, како и сè што правите! Ние сме ваш криптонит, ве чека робија“, објавено е на официјалниот X налог на студентите од овој факултет, кој моментално е во блокада.


Во тек насобирот во Белград, кога демонстрантите за 15 минути молчеа во знак на протест,одеднаш се слушнала силна бука, што ги вознемири собраните.

Според зборовите на воениот аналитичар Александар Радиќ, звукот кој ја прекинал тишината потекнува од звучното оружје, познато и како „звучен топ“, со кое располагаат безбедносните служби на Србија.

Исти тврдења изнеле и лидерот на партијата Срце Здравко Понош и претседателот на Демократската партија Срѓан Миливојевиќ.

Сепак, Министерството за внатрешни работи на Србија и претседателот Александар Вучиќ ги негираа овие наводи.

„Еве сè повеќе докази како српската полиција денес користела таканаречен „звучен топ“ против учесниците во масовните протести во Белград, предизвикувајќи масовна паника и дезориентација меѓу луѓето. За последиците од ваквиот ефект на луѓето во Србија веројатно наскоро ќе дознаеме“ , пишуваат на социјалните мрежи граѓаните.

Сведоците на настанот тврдат дека слушнале нагли, непознати звуци, кои им се чинеле како урнишување или нагло приближување на нешто големо со голема брзина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни