Се огласи Белата куќа по историската средба со Иран: Позитивна и конструктивна клима за решавање на нуклеaрниот спор

Ирански и американски претставници денес за првпат разговараа за нуклеарната програма на Техеран во Оман, откако претседателот на САД Доналд Трамп даде рок од два месеца за почеток на преговорите, со закана од воена интервенција.

Средбата помеѓу американскиот изасланик Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи за иранската нуклеарна програма, која вчера се одржа во Оман, претставува чекор во вистинската насока и ќе продолжи следната недела, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека „директната комуникација“ меѓу Виткоф и Аракчи била „многу позитивна и конструктивна“, и дека Виткоф му пренел на Аракчи дека од претседателот Доналд Трамп добил налог да ги разреши разликите меѓу двете нации преку дијалог и дипломатија, „доколку е можно“, што се смета за напредок кон заемно корисен исход, пренесува CNN.

Белата куќа се заблагодари на Оман за посредувањето во разговорите, кои според планот треба да продолжат следната сабота.

Аракчи претходно изјави дека преговорите ќе продолжат во сабота, и дека следната рунда ќе биде фокусирана на создавање поширока рамка за можен договор.

Министерот додаде дека локацијата на разговорите можеби нема да биде повторно Оман, но дека тие ќе продолжат со помош на Оман како посредник.

– Ниту една од страните не сака неплодни разговори, разговори што само губат време – изјави Аракчи.

Ирански и американски претставници денес за првпат разговараа за нуклеарната програма на Техеран во Оман, откако претседателот на САД Доналд Трамп даде рок од два месеца за почеток на преговорите, со закана од воена интервенција.

(Извор: Танјуг)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни