Се менува Законот за субвенциониран студетнски оброк, но сумата останува иста и покрај инфлацијата

Ќе се менува Законот за субвенциониран студентски оброк, но износот на субвенцијата нема да се зголеми, туку останува 140 денари и покрај порастот на цените на прехранбените производи.

Во предложените законски измени се предвидува олабавување на условите за тоа кои студенти имаат право на субвенциониран студентски оброк.

Доколку се усвојат измените, право на оброк ќе имаат и студентите на постдипломски студии, кои досега беа изоставени од оваа мерка.


Сепак, износот на субвенциите останува 140 денари, како што е од 2023 година, и нема да се зголеми на 160 денари согласно барањата на студентите. Студентите што ги исполнуваат условите ќе добиваат 840 денари неделно и покрај тоа што цената на речиси сите прехранбени производи порасна изминатиот период.

Универзитетското студентско собрание на УКИМ утре ќе одржи прес-конференција во 12:00 часот, во Студентскиот Културен Центар во Скопје за презентирање на предлог измените. Тие ги повикуваат пратениците од сите политички субјекти да ја поддржат предложената измена и да дадат свој придонес во унапредување на правата на студентите и подигнување на студентскиот стандард.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни