Се испитува морската вода покрај Фукушима откако Јапонија започна да испушта отпадни води од нуклеарната централа

Тим научници од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигна во јапонската Фукушима, како дел од годишната мониторинг мисија за да се осигура безбедноста на испуштањето на прочистената радиоактивна отпадна вода во морето.
Фото: IAEA Imagebank/Wikimedia commons

Тимот на МААЕ ќе земе примероци од истоимената нуклеарна централа, крајбрежните води и рибниот пазар во блискиот град Иваки. Тој ќе посети и национална лабораторија во близина на Токио и ќе се сретне со јапонските власти.

Јапонија почна да испушта отпадни води од нуклеарната централа Фукушима во август 2023 година. Кина силно протестираше и го блокираше увозот на јапонски морски плодови, што ги погоди јапонските извозници на морска храна.

Јапонија вели дека испуштањето вода ги исполнува меѓународните безбедносни стандарди и дека е надгледувано од МААЕ. Јапонија ја критикуваше Кина за нејзината забрана за увоз на морска храна, барајќи итен прекин на мерката.

Кон крајот на септември, Јапонија и Кина објавија дека постигнале договор со кој ќе се олесни кинеската забрана за увоз на морска храна и ќе се вклучи Пекинг во следењето на испуштањата на отпадните води според планот на МААЕ.

Последната мисија на МААЕ, која вклучуваше експерти од Кина, не е поврзана со кинеско-јапонскиот договор, рекоа официјални лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни