Академскиот пленум го повика деканот на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Миливоје Алановиќ, веднаш да поднесе оставка, откако тој го заклучи факултетот и на студентите им повика полиција.
Од Пленумот сметаат дека со тој потег деканот донекаде ќе придонесе за смирување на напнатата ситуација, која, како што велат, самиот ја создаде, повикувајќи ја полицијата да интервенира на факултетот.
„Полицијата, од друга страна, уште еднаш докажа дека е функција на режимот, а не на граѓаните. Кога група студенти блиски до владата го блокираа Филозофскиот факултет во Нови Сад во март минатата година, полицијата не интервенираше, а сега донесе десетици свои членови во полна опрема да интервенираат,“ велат од Пленумот и додаваат дека деканот Алановиќ, со заклучување на факултетот, забрана за влез на студентите и голем број колеги и повикување на полицијата го узурпираше факултетот, заради што е соодветно да поднесе оставка.
Извор: Мета.мк
Фото: N1