Иницијативата Крени-Промени покрена петиција со која се бара од официјалните лица на ОН, Советот на Европа и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) независна меѓународна истрага за употребата на звучен топ на 15. март против мирните демонстранти во Белград, вклучувајќи медицински, правни и технички аспекти на неговото влијание на здравјето и човековите права. До понеделник во 8 часот петицијата ја потпишале повеќе од 460.000 луѓе од Србија, регионот и државјани на Србија ширум светот.
Во петицијата упатена до специјалната известителка на ОН за правото на слободно мирно собирање и здружување, Ѓини Ромер, специјалната известителка на ОН за слободата на мислење и изразување, Ирена Кан, комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флеарти и претставникот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС), се бара независна истрага, утврдување на одговорноста на институциите и поединците, како и меѓународни насоки.
Организаторите на петицијата соопштија дека бараат „независна меѓународна истрага за употребата на звучен топ на 15. март против мирните демонстранти во Белград, вклучувајќи медицински, правни и технички аспекти на неговото влијание на здравјето и човековите права, потоа идентификација и одговорност на институциите и поединците кои наредиле, овозможиле или извршиле употреба на звучно оружје, како и меѓународни насоки и забрана за употреба на звучно оружје против цивили во мирнодопски услови“.