Сашко Костов со „Икар“ за најдобра авторска музика – признание за врвен театарски звук

Македонскиот композитор Сашко Костов ја доби наградата „Икар“ за музиката во претставата „Волшебниот дирижабл“, во продукција на Драмски театар Пловдив.

Македонскиот музичар и композитор Сашко Костов ја доби престижната награда „Икар“ за најдобра авторска музика за претставата „Волшебниот дирижабл“, во режија на Диана Добрева и продукција на Драмски театар Пловдив.

Костов признанието го подели со композиторот Јавор Карагитлиев, со кого заедно ја креирале музиката за претставата, која беше високо оценета од стручната комисија за нејзиниот уникатен звучен израз и атмосфера.

Наградата беше врачена на свеченост во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, каде што Сојузот на артистите на Бугарија ги доделува признанијата за исклучителни достигнувања во театарската уметност.

Од театарските кругови истакнуваат дека ова признание претставува потврда за креативниот и препознатлив стил на Костов, кој успешно ги спојува електрониката, живите инструменти и современи сценски изрази.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни