Саркози во домашен затвор, најави жалба до Европскиот суд за човекови права

Пред да му биде ставена алката за следење на 6-ти јануари, Саркози ја искористи шансата да отиде на одмор со семејството на Сејшелите.

Бившиот француски претседател Никола Саркози денес доби алка со која ќе се следи секое негово движење. Алката му беше поставена во неговиот стан. Претходно во петокот, тој беше кај судијата за извршување казни за да се договори за условите за издржување на казната.

Бившиот француски претседател ќе мора да ја носи алката една година. Од својот стан ќе може да излегува само преку ден, од 8 до 20 часот, додека ноќта ќе мора да ја помине дома. Исто така, ако сака да го напушти Париз, ќе мора да побара посебна дозвола од судот.

Саркози можел да побара помилување, имајќи во предвид дека неодамна наполнил 70 години, што му дозволува француската законодавна власт. Но, тоа не го побарал, иако според неговиот адвокат, тој и понатаму ја отфрла оправданоста на пресудата.

Адвокатот исто така прецизираше дека Саркози ќе се жали на Европскиот суд за човекови права до крајот на овој месец, но тоа нема да го ослободи од куќен притвор.

Поставувањето на алката за следење на Саркози е резултат на неодамнешното одбивање на неговата жалба кога му беше потврдената казна од една година затвор, со замена на носењето на алката.

Саркози е обвинет во аферата за прислушување кога за време на истрагата за финансирањето на неговата прва претседателска кампања, било откриено дека незаконски се обидел да дознае детали за тоа од еден судија, кому му нудел висока функција во Монако.

Ова е прв пат еден француски претседател да биде казнет на ваков начин.

Ова не се единствени маки на Саркози со судот. Во моментов против него се води постапка во Париз по сомнеж за нелегално финансирање на втората претседателска кампања со пари од либискиот лидер Муамар Гадафи. Судскиот процес ќе трае до 10 април.

Пред да му биде ставена алката за следење на 6-ти јануари, Саркози ја искористи шансата да отиде на одмор со семејството на Сејшелите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни