Како што информираат од „КО-РА“, делата на Чепишева се работени во фузија на повеќе експериментални техники, често и со богата колажна структура.
-И овој циклус, како и нејзините графики, ги артикулира силна колоритна експресија која ги детерминира нејзините расположенија и го одразува дијалогот со генезата на појавната и непојавна стварност кои коегзистираат во заемна корелација…, се наведува во најавата за самостојната изложба.
Марија Чепишева дипломирала во класата на Димитар Малиданов, а магистрирала на постдипломски студии во класата на академик проф. д-р Фехим Хусковиќ.
Чепишева е добитничка на наградата на ДЛУМ за најдобара графика, како и на откупната награда на НБУЦ „Климент Охридски“.