Самостојна изложба на ликовниот уметник Данко Фришчиќ во Мултимедијалниот центар Мала станица

Оваа изложба е своевидно продлабочување на соработката помеѓу двете држави на културно поле, а е прво претставување на уметникот кај нас

Отворањето на самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Ликовната Академија во Загреб, Данко Фришчиќ од Република Хрватска, ќе се одржи во Националната галерија на Македонија на 12ти декември, со почеток во 20 часот, во Мултимедијалниот центар Мала станица.
Воедно, оваа изложба е своевидно продлабочување на соработката помеѓу двете држави на културно поле, а е прво претставување на уметникот кај нас.

Данко Фришчиќ е роден на 30 мај 1970 година во Загреб. Дипломирал на отсекот сликарство на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1997 година, каде што работи од 2006 година.
Во периодот од 2019 до 2023 бил продекан за меѓународна и универзитетска соработка а сега работи како редовен професор. Тој е член на Хрватското друштво на ликовни уметници (ХДЛУ) и е добитник на многу меѓународни и домашни награди за неговите дела, кои се дел од многу приватни и јавни колекции.
Неговите дела биле изложени на повеќе од 70 самостојни и над 200 групни изложби во Хрватска (Загреб, Лабин, Пула, Ровињ, Риека, Вараждин, Осиек, Сплит, Дубровник итн.) и во странство (Рим, Фиренца, Лондон, Торино, Париз, Мец, Виена, Прага, Амстердам, Берлин, Келн, Брауншвајг, Гдањск, Краков, Будимпешта, Скопје, Софија, Братислава, Љубљана, Истанбул, Анкара, Сантијаго де Чиле, Ајова Сити (САД), Порт О Пренс на Хаити, итн.) Живее и работи во Загреб и Лабин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни