Само две земји би преживеале нуклеарен конфликт кој би убил пет милијарди луѓе за 72 минути

Нуклеарен конфликт би предизвикал масовна смрт и климатски катастрофи. Според експерти, само Австралија и Нов Зеланд би имале услови за преживување.

Според експертотт и авторка на бестселерот „Нуклеарна војна: Сценарио“ Ани Џејкобсен, глобален нуклеарен конфликт би убил приближно пет милијарди луѓе во првите 72 минути. Оваа проценка се заснова на сценарија за масовни американско-израелски напади и можни одмазди од Иран и неговите сојузници во регионот.

Џејкобсен во подкастот „Дневник на еден генерал“ објасни дека последиците за Земјата би биле катастрофални: големи делови од светот, особено во средните географски ширини, би биле покриени со лед, предизвикувајќи „мини ледено доба“. Здмјоделието би пропаднало, а загадувањето со радијација и уништувањето на озонскиот слој би приморале луѓето да живеат под земја.

Со тоа, само две држави, Австралија и Нов Зеланд, би можеле да го одржат земјоделието и да обезбедат услови за преживување. Други релативно „безбедни“ земји според експертите се Исланд, Швајцарија, Тувалу, Јужна Африка и Чиле.

Џејкобсен и професорот за климатски промени Брајан Тун предупредуваат дека најважно е да се биде подалеку од земји со нуклеарно оружје и да се избере локација каде што преживеаните би можеле да се снабдуваат со храна, бидејќи гладта би била глобална последица.

Ова мрачно сценарио ја потенцира ранливоста на човештвото во нуклеарни конфликти и нагласува потребата од дипломатски решенија за намалување на тензиите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни