Чиа семките станаа популарна и нутритивно исклучително богата намирница – и тоа со причина. Овие мали црни семки се полни со хранливи материи и нудат бројни предности за оние кои сакаат да изгубат вишок килограми. Експертите за исхрана за порталот Health Shots издвоиле пет предности на чиа семките кои помагаат при слабеење.
Богати се со влакна
Чиа семките се исклучително богати со диетални влакна. Тие помагаат да се чувствувате сити подолго време, ја намалуваат потребата за непотребно грицкање и го намалуваат вкупниот внес на калории – сè што придонесува за слабеење.
Содржат висок процент на протеини
Протеините се клучни за слабеење, а чиа семките нудат растителен извор кој го поддржува растот на мускулите и истовремено го намалува чувството на глад. Зголемениот внес на протеини исто така го забрзува метаболизмот, помагајќи му на телото да троши повеќе калории.
Нискокалорични се, а богати со хранливи материи
Иако се мали, чиа семките содржат изобилство од омега-3 масни киселини, антиоксиданси, калциум, магнезиум и железо. Покрај тоа, имаат малку калории, што ги прави идеален избор за оние кои внимаваат на внесот на калории, пренесува Health Shots.
Ја подобруваат дигестијата
Благодарение на високата содржина на влакна, чиа семките помагаат во одржување на здрава дигестија. Можат да спречат запек и да го поддржат здравјето на цревата, што е многу важно кога се обидувате да ослабете.
Го регулираат нивото на шеќер во крвта
Чиа семките можат да помогнат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта со тоа што го забавуваат апсорбирањето на шеќер во крвотокот. Тоа може да ги намали наглите скокови и падови на инсулин, кои често доведуваат до зголемен апетит и таложење на маснотии во организмот.