Со транспаренти и свирежи, вечерва жителите на Аеродром излегоа на улиците во најмасовниот протест досега против Вардариште, кое го загадува нивниот воздух.

Децата беа најгласни, гордо носејќи сопствени транспаренти со пораки како: „1 од 9 деца умира од загаден воздух“ и „Премиерот дише ист воздух или има друг“.
Маршот започна кај мостот „Киро Глигоров“ и заврши пред општината, а граѓаните по спротивната лента ги поддржуваа со свирежи од автомобилите.

„Скопје не го даваме. Сакаме чист воздух одма – не по избори!“, порачаа насобраните.
Протестите ќе продолжат и утре од 18 часот, со ист марш и блокада.
Извор: Независен.мк