САД ја затворија амбасадата во Саудиска Арабија по напад со ирански дронови

Американската амбасада во Саудиска Арабија е затворена по напад со дронови. Стејт департментот издаде итно предупредување за американските државјани во регионот.

Соединетите Американски Држави затворија две амбасади на Блискиот Исток и ја намалија конзуларната присутност во повеќе други земји, додека нападите во регионот продолжуваат.

Американската амбасада во Саудиска Арабија денеска беше затворена откако објектот бил погоден од два ирански дрона.

Предупредување до граѓаните и повлекување персонал

Стејт департментот ги повика американските државјани веднаш да ги напуштат 14 земји во регионот поради, како што наведува, „сериозни безбедносни ризици“.

Дополнително, побарано е неесенцијалниот персонал на американската влада, како и членовите на нивните семејства, да ги напуштат следните земји: Јордан, Бахреин, Катар, Ирак и Обединетите Арапски Емирати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни