САД најавуваат воен одговор ако Русија повторно нападне

Полскиот премиер Доналд Туск тврди дека Вашингтон првпат дал јасна безбедносна гаранција за Украина

Соединетите Американски Држави првпат експлицитно најавиле дека ќе реагираат воено доколку Русија повторно ја нападне Украина по евентуален прекин на огнот, изјави полскиот премиер Доналд Туск по учеството на берлинскиот самит за мир, пренесува Onet News.

Туск рече дека пораката дошла директно од американските преговарачи и дека била „недвосмислена“. Според него, специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, јасно ставил до знаење дека САД ќе бидат дел од безбедносните гаранции за Украина на начин што нема да остави сомнеж кај Москва.

„Ако Русија го прекрши примирјето, американскиот одговор ќе биде воен. Тоа е слично на членот 5 од НАТО, иако формално не се нарекува така, за да не се усложнат преговорите“, изјави Туск, оценувајќи дека станува збор за порака со далекусежни последици.

Полскиот премиер нагласи дека за првпат толку јасно се гледа усогласеност меѓу САД, Европа и Украина, додавајќи дека само заеднички настап може да ја принуди Русија на сериозни мировни преговори или барем на стабилен прекин на огнот.

„Мораме да дејствуваме како единствен сојуз со Украина и САД, за Путин да види дека е невозможно да се создаде раздор меѓу нас“, рече Туск.

Изјавите доаѓаат по интензивните разговори во Берлин, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со европски лидери и американски претставници. Според AFP, американските преговарачи Виткоф и Џаред Кушнер извршиле притисок врз Киев да се откаже од делови од Донбас под украинска контрола, што Зеленски јавно го одбил, нагласувајќи дека Украина нема да го признае Донбас како руска територија – ниту де факто, ниту де јуре.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни