САД влегоа во буџетска блокада – запрен дел од работата на федералната администрација

Со истекувањето на буџетот на полноќ по локално време (06:00 по средноевропско време), Соединетите Американски Држави влегоа во т.н. “шатдаун” – ситуација во која дел од работата на федералната администрација се запира поради неможноста на Конгресот да го усвои новиот закон за финансирање.

Повеќе од 750.000 федерални службеници се ставени во статус на технички невработени, а дел од нив ќе бидат принудени да работат без плата, додека другите ќе бидат испратени на неплатено отсуство. Се очекуваат значајни нарушувања во јавните служби, вклучувајќи го и воздушниот сообраќај, како и доцнења во исплатата на социјални бенефиции.

Ова е прва блокада на владата од 2018–2019 година и втора за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп. Причината е политички ќор-сокак помеѓу републиканците, кои имаат мнозинство, и демократите во Сенатот.

Претседателот Трамп изјави дека демократите се одговорни за затворањето, тврдејќи дека тие „сакаат да затворат сè“. Во изјава со прикриена закана, рече дека ситуацијата може да се искористи за да се „ослободиме од многу непотребни работи“, алудирајќи на отпуштања на службеници и укинување на демократски програми, како што е „Обамакер“.

Од друга страна, демократите ги обвинија републиканците дека немаат волја за компромис и дека со драстичните буџетски кратења сакаат да ја укинат помошта за здравство и ранливите категории. Спорот се води и околу враќањето на стотици милијарди долари буџетски средства, кои беа отсечени од администрацијата на Трамп.

Според проценките на Биро за буџет на Конгресот, секоја недела на блокада може да ја намали економската активност на САД за 0,2 процентни поени. Осигурителната компанија Nationwide предупредува дека секој ден од шатдаунот ја зголемува економската несигурност.

Официјално, републиканците предложија продолжување на актуелниот буџет до крајот на ноември, но за усвојување на таков предлог во Сенатот се потребни најмалку 60 гласа, што значи поддршка од барем седум демократи – нешто што во моментов не е извесно.

АД повторно се соочуваат со политичка и институционална криза, која директно влијае на животите на милиони граѓани. Однесувањето на Конгресот и Белата куќа во наредните денови ќе биде клучно за тоа дали блокадата ќе се продлабочи или ќе се најде компромис што ќе ја врати работата на владата во нормала.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни