САД со ултиматум до Израел: Не смее да се блокира хуманитарната помош за Газа

Соединетите Американски Држави ѝ дадоа на израелската влада рок од 30 дена да го зголеми пристапот до хуманитарната помош во Газа или да се соочи со можноста за намалување на американската воена помош.
Фото: U.S. Embassy Jerusalem/Flickr

Ова писмо од американската влада до Израел е најсилното писмено предупредување од администрацијата на Бајден до својот сојузник и доаѓа во време кога нападите на Израел врз северниот дел на Газа предизвикува масовно принудно раселување на цивили на југ.

Писмото испратено пред два дена го потпишаа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин. Во него, САД изразуваат „длабока загриженост поради влошувањето на хуманитарната ситуација“.

Се додава дека Израел отфрлил или попречил речиси 90 отсто од хуманитарните движења меѓу северниот и јужниот дел на Газа минатиот месец.

Се вели дека наредбите за евакуација принудиле 1,7 милиони луѓе во тесен крајбрежен појас, каде што се „изложени на висок ризик од смртоносна инфекција“.

Во писмото се бара итна и одржлива акција од израелската влада овој месец за да се смени овој тренд.

Исто така, се наведува дека Израел мора, почнувајќи веднаш и во рок од 30 дена, да преземе низа конкретни мерки за зголемување на понудата на помош, истакнувајќи дека неуспехот да го стори тоа може да има последици за американската политика, пренесува Би-Би-Си.

Писмото се однесува на американските закони со кои може да се забрани воена помош за земјите кои ја попречуваат испораката на американската хуманитарна помош.

САД го повикува Израел да ја прекине изолацијата на северна Газа потврдувајќи дека нема да има политика на израелската влада за присилна евакуација на цивили од север кон југ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни