Израел во саботата изврши напад врз Иран, кој го нарече „превентивен“, додека израелскиот министер за одбрана Израел Кац прогласи вонредна состојба во целата земја. Властите предупредија на можно иранско одмаздно дејствување со дронови и балистички проектили.
Според извештај на New York Times, нападот бил координиран со САД. Американски официјален претставник потврдил дека американските воени сили исто така извршуваат удари на иранска територија.
Fumée au-dessus de Téhéran : #Israel a frappé l'#Iran, alors que #Trump met la pression.
— Karine Bechet (@bechetgolovko) February 28, 2026
Un travail coordonné – formellement, ce ne sont pas les #USA, qui ont frappé … pic.twitter.com/71c7OC39dt
Во иранскиот главен град Техеран се слушнале најмалку три експлозии, а државната телевизија IRINN известила за „облаци црн чад и звук од експлозии“ во различни делови на градот, вклучително и во близина на резиденцијата на врховниот лидер, претседателската палата и Националниот совет за безбедност.
Израелската Команда за домашна одбрана им наложило на граѓаните да вршат само неопходни активности, додека се очекува масовен одмазден напад од Иран. Во големите израелски градови веќе се слушаат сирени за воздушна опасност, како предупредување за можно лансирање на ракети.
🚨 Última hora: La calle Jomhuri en Teherán ahora mismo 👇
— Muy.Mona/🇪🇸💚 (@Capitana_espana) February 28, 2026
pic.twitter.com/Uz0paWz0Oh
Снимки од Техеран објавени на социјалните мрежи покажуваат густ чад над градот, додека локалните медиуми јавуваат дека неколку проектили го погодиле централното подрачје на градот.
Израелските напади се насочени кон балистички проектили и лансери кои според Тел Авив претставуваат сериозна закана. Иако детали за учеството на САД се уште се непотврдени, медиумите наведуваат дека акцијата била делумно координирана меѓу двете земји.