Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „нема планови за погубувања“. Сепак, тој не ја исклучи можноста за воена акција, порачувајќи дека неговата администрација ќе почека и ќе види како ќе се развива ситуацијата.
На дел од американскиот персонал им е советувано, од претпазливост, да ја напуштат американската воена база во Катар. Повеќе земји ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран, додека некои авиокомпании ги пренасочуваат летовите за да го избегнат иранскиот воздушен простор.
Според податоци на американска организација за човекови права, од почетокот на бруталниот обрачун на иранските власти досега се убиени најмалку 2.400 демонстранти, а интернет-блокадата и натаму е на сила.
Клучни информации:
Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата. Командантот на Исламската револуционерна гарда е подготвена на највисоко можно ниво. САД воведуваат нови санкции кон Иран. Иранскиот режим им се заканува на демонстрантите: „Треба да знаат дека ги надгледуваме“. Блумберг пак пишува дека Америка се откажува од напад врз Иран по дадени ветувања. САД во меѓувреме преместуваат носач на авиони на Блискиот Исток. Иран му пораача на Трамп: Не ја повторувај грешката од јуни
