САД објавија снимка: „Невидливите бомбардери B-2 го нападнаа Иран“

Бомбардерите беа вооружени со бомби од 900 килограми, а CENTCOM порача: „Ниту една нација не би требало да се сомнева во решителноста на САД.“

Американското централно командување (CENTCOM) објави видео снимка на бомбардерите B-2 кои изведоа напад во саботата навечер врз утврдените ирански објекти за балистички проектили. Бомбардерите беа вооружени со бомби од 900 килограми, а CENTCOM порача: „Ниту една нација не би требало да се сомнева во решителноста на САД.“

САД претходно ги користеле бомбардерите B-2 за напади врз иранските нуклеарни објекти длабоко под земјата, а сега не се објавени детали за базата од која полетале овие авиони. Нападот се случува во момент кога ескалацијата на конфликтот помеѓу САД, Израел и Иран веќе доведе до смртта на врховниот ирански лидер Али Хамнеи и бројни високи функционери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни