По 46 години САД ја победија Канада и освоија олимписко злато во хокеј

Џек Хјуз погоди во продолжението за победа од 2:1 и крај на „златната суша“ од 1980 година

Со гол во продолжението, САД ја совладаа Канада со 2:1 во финалето на машкиот хокеј на мраз на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и го освоија првото злато по 46 години.

Херој на натпреварот беше Џек Хјуз, кој по само една минута и 41 секунда во продолжението го постигна победничкиот гол по асистенција на Зак Веренски. Со тоа Американците ја освоија својата трета олимписка титула во историјата, прва по легендарното „Чудо на мразот“ во 1980 година.

Мечот беше израмнет и драматичен до самиот крај. Мет Болди ги донесе САД во водство во шестата минута, но Канада израмни преку Кејл Макар во втората третина.

Голманот на САД, Конор Хелебајк, имаше 40 одбрани во регуларниот дел и одигра клучна улога во победата.

Канада беше без својот капитен Сидни Крозби, кој се повреди во четвртфиналето, што беше значаен хендикеп за тимот.

Ова е првпат САД да ги освојат и машкиот и женскиот хокеј турнир на исти Олимписки игри, откако американките ја победија Канада во финалето неколку дена претходно.

Победата доаѓа во период на засилени политички тензии меѓу двете земји, но спортската драма во Милано остана запаметена како едно од највозбудливите финалиња во олимписката историја

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни