Според тоа сценарио, Русија би имала воена и економска контрола врз окупираните делови од Украина преку сопственото управно тело, имитирајќи го фактичкото владеење на Израел врз палестинските територии заземени од Јордан во 1967 година, пишува весникот.
Според извор близок до Советот за национална безбедност на САД, идејата била покрената пред неколку недели за време на разговор меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговите руски соговорници во Москва.