Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извеле воздушен напад врз иранските нуклеарни постројки во Фордo, Натанс и Есфахан.
„Изведовме многу успешен напад на три нуклеарни постројки во Иран – Фордo, Натанс и Есфахан. Сите авиони се сега надвор од иранскиот воздушен простор,“ напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Тој додаде дека сите американски авиони кои учествувале во нападот се враќаат назад во САД и го оцени нападот како „историски момент за САД, Израел и светот“.
„Иран сега мора да се согласи да ja заврши овој војна,“ изјави Трамп.
Потврда за нападот пристигна и од Иран.
Портпаролот на Кризниот штаб во провинцијата Ком, Мортеза Хејдари, изјави дека „дел од областа околу нуклеарното постројка Фордo беше под воздушен напад“. Подоцна, заменик гувернерот на Исфахан, Акбар Салехи, изјави дека „се слушнале неколку експлозии во близина на нуклеарните постројки во Натанс и Исфахан“, пренесе BBC.
Заменик политичкиот директор на иранскиот државен медиум, Хасан Абедини, изјави дека сите три постројки биле „евакуирани пред извесно време“.
„Дури и ако тврдењето на Трамп е точно, Иран не претрпе значителна штета бидејќи сите материјали веќе беа изнесени,“ додаде Абедини.