САД ги предупредија своите државјани веднаш да го напуштат Иран

Американските власти ги предупредија државјаните на САД веднаш да го напуштат Иран поради засилените протести, ризик од насилство, апсења и можни прекини на интернетот, соопшти Виртуелната амбасада на САД.

Американските власти денес ги повикаа државјаните на САД веднаш да го напуштат Иран поради постојаните немири во земјата.

„Протестите низ целиот Иран се интензивираат и би можеле да станат насилни, што може да доведе до апсења и повреди“, соопшти Виртуелната амбасада на САД во Иран на својата веб-страница.

Во соопштението се наведува дека американските државјани треба да очекуваат континуирани прекини на интернетот, да планираат алтернативни средства за комуникација и, доколку е безбедно, да размислат за напуштање на Иран по копнен пат, преку Ерменија или Турција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни