САД бомбардираше ирански цели во Ормуски теснец

Американските сили вчера, во рамки на операцијата „Епски бес“, нападнале утврдени ирански ракетни позиции долж брегот на Ормускиот теснец, користејќи тешки пробојни проектили. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека иранските ракети на тие локации претставувале закана за меѓународниот поморски сообраќај, пишува The Jerusalem Post.

Во официјалното соопштение на CENTCOM се наведува дека американските сили „успешно употребиле повеќе бомби од 2300 килограми врз утврдените ирански ракетни постројки“. Се додава дека „иранските противбродски крстосувачки ракети на тие локации претставувале ризик за меѓународниот поморски сообраќај во теснецот“.

Бродови го избегнуваат клучниот поморски пат

Поради иранските закани за напади, многу пловила во моментов го избегнуваат Ормускиот теснец, клучна артерија за глобалниот енергетски пазар низ која минуваат околу 20 отсто од светската нафта. Сателитските снимки од Персискиот Залив покажуваат бројни бродови кои чекаат надвор од теснецот за да избегнат можни напади.

Израелскиот премиер изјави дека по телефонски разговор со Доналд Трамп е договорена соработка околу Ормускиот теснец.

„Нашите воздушни сили и морнарици се координирани. Ќе помогнеме и со индиректни акции што создаваат огромен притисок врз иранскиот режим, но и со директни операции. Следуваат уште многу изненадувања“, рече Нетанјаху.

Еден израелски извор појасни за Post дека израелската помош во овој момент е ограничена на разузнавачка поддршка, а не на воени акции. „Но, тоа секогаш може да се промени“, додаде функционерот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни