САД ќе префрлат до 50 мигранти на Косово во рок од една година

Косовската влада донесе одлука во рок од една година да прими до 50 мигранти од САД, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во земјите од кои потекнуваат, објави KoSSev.

Оваа одлука беше донесена денеска на електронска седница на владата.

Според медиумите, овие лица ќе престојуваат на Косово согласно важечките закони и ќе уживаат права утврдени со законската регулатива на земјата.

Вршителот на должноста премиер Албин Курти соопшти дека изборот на лицата ќе се направи врз основа на „предложена листа“, со прецизни критериуми поврзани со владеење на правото и јавниот ред.

„САД остануваат наш непоколеблив сојузник, а Република Косово секогаш ќе биде нивен сигурен партнер. Засекогаш сме благодарни за помошта и постојаната соработка, особено за поддршката во безбедноста, развојот и евроатлантската интеграција“, напиша Курти на Фејсбук.Tools

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни