Канцеларијата за буџет на Конгресот на САД ја намали својата проценка за населението на САД за следните 30 години за 2,8 отсто, повикувајќи се на податоци за падот на бројот на новороденчиња и очекуваното намалување на имиграција.
Минатата година проекцијата беше 383 милиони, а годинава е намалена за 2,8 отсто, за 11 милиони луѓе и сега изнесува 372 милиони, покажуваат најновите податоци.
Се проценува дека околу 341 милион луѓе живееле во САД на новогодишната ноќ и дека земјата ќе има население од 350 милиони следната новогодишна ноќ.
Стапката на раст на населението се очекува да забави во текот на следните три децении, да расте во просек за 0,4 отсто годишно во следните 10 години, а потоа да се намали на просечно 0,1 отсто помеѓу 2036 и 2055 година.
Просечната годишна стапка на раст во следните три децении од 0,2 отсто се предвидува да биде околу една четвртина пониска од периодот од 1975 до 2024 година.
Без имиграција, населението во САД ќе почне да се намалува почнувајќи од 2033 година, делумно поради тоа што се проценува дека бројот на новороденчиња е недоволен да ги замени генерациите, се вели во соопштението на Канцеларијата за буџет.