Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) го отвори четвртиот повик од Младинскиот културен фонд за Западен Балкан, наменет за млади културни практичари и граѓански организации кои делуваат во областа на културата.
-Млaдинскиот културен фонд на Западен Балкан спроведeн од Регионалната канцеларија за моладинска соработка го има четвртиот отворен повик кој што е наменет за индивидуални културни уметници и граѓански организации. Повикот трае до 15-ти мај, а можете да аплицирате на нашата веб страна https://www.rycowb.org/.
Повикот нуди грантови до 3.000 евра за индивидуалци и до 6.000 евра за организации, со цел поддршка на културниот активизам и промовирање на креативни решенија за општествените и политичките предизвици во регионот.
Во рамки на проектот се доделуваат и специјални признанија „Шампион за мир“ на културни дејци кои со своето делување значително придонеле за градење на мирот и социјалната кохезија во регионот.
Младинскиот културен фонд е повеќегодишна иницијатива финансирана од германското федерално министерство за надворешни работи, а се спроведува од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младите во културниот и креативниот сектор и да поттикне регионална културна соработка меѓу земјите од Западен Балкан.