Според достапните информации, Стројкин починал на местото на настанот, пренесува независниот руски портал Медуза.
Според рускиот телеграмски канал Mash на Мойке, за време на испрашувањето, Стројкин побарал да оди во друга просторија, каде брзо го отворил прозорецот и скокнал.
„За време на истрагата, човекот најде изговор да оди во друга соба, каде брзо го отвори прозорецот и презеде неповратна акција“, објави Mash на Мойке, сугерирајќи дека се работи за самоубиство.
Рускиот истражен комитет отвори истрага за околностите на смртта на Стројкин, јавуваат руските медиуми.
Стројкин и претходно јавно ја критикуваше руската инвазија на Украина. Во 2022 година, тој објави порака на социјалната мрежа ВКонтакте во која се противи на војната што ја започна Кремљ.