Руски напади врз два украински града: повредени и деца, погодени училишта

Во нападите со дронови и ракети загина едно лице, повеќе од 20 се повредени а меѓу нив и четири деца, соопштија локалните власти.
Foto: Украинска војска

Руските сили извршиле напади со дронови и ракети врз два града во југоисточна Украина, при што едно лице го загубило животот, а над дваесетмина се повредени, соопштија денеска локалните украински власти.

Гувернерот на регионот Запорожје на Телеграм информираше дека руските сили извеле четири напади врз градот Комишуваха, при што едно лице било убиено, а десетмина се повредени. Во нападите биле оштетени неколку семејни куќи.

Во индустрискиот град Крив Рих, родното место на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во комбинирани руски напади со дронови и ракети биле повредени 13 лица, меѓу кои и четири деца. Ова го соопшти шефот на воената администрација на градот, Олександр Вилкул, исто така преку Телеграм.

Според неговите информации, во нападите биле погодени станбени згради, училишта и објекти од стратешка инфраструктура. „Најважно е што сите преживеале“, напиша Вилкул, додавајќи дека шест лица, меѓу кои и повредените деца, се хоспитализирани.

Новинската агенција Ројтерс наведува дека не можела независно да ги потврди овие информации, додека руските власти засега не ја коментирале ситуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни