Украински Нафтогаз: Во руски напад оштетена топлана во Херсон

Еден вработен е повреден, а десетици илјади домаќинства останаа без греење
Пожарникари во Одескиот регион гасат пожар по дрон-напад
Photo: AP Photo/Andrii Marienko

Руски сили погодиле клучна топлана во градот Херсон, на југот на Украина, при што е предизвикана значителна материјална штета на објектот, соопшти украинската државна нафтено-гасна компанија Нафтогаз.

Според информациите од компанијата, во нападот е повреден еден вработен, кој бил ангажиран на објектот во моментот на гранатирањето. Нападнатата топлана обезбедувала греење за десетици илјади домови во Херсон, град кој и претходно беше изложен на сериозни оштетувања на енергетската и комуналната инфраструктура.

Британската агенција Ројтерс пренесува дека Русија во последниот период ги интензивира нападите врз критичната инфраструктура и енергетскиот систем на Украина, со цел да се наруши функционирањето на градовите и да се ослаби моралот на цивилното население. Овие напади се случуваат речиси четири години по почетокот на руската инвазија врз Украина.

Украинските власти предупредуваат дека ваквите удари имаат сериозни последици врз секојдневниот живот на граѓаните, особено во зимски услови, кога греењето претставува основна потреба за преживување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни