Украинската војска: Руски дронови погодиле 19 локации во текот на ноќта

Од 116 лансирани беспилотни летала, 48 успеале да погодат цели, додека дел од нападите биле насочени кон критична инфраструктура

Украинската војска соопшти дека 19 локации низ земјата биле погодени од руски дронови во текот на изминатата ноќ, во еден од посериозните воздушни напади во последните денови.

Според информациите на украинското воено воздухопловство, од вкупно 116 руски дронови лансирани во текот на ноќта, 60 биле пресретнати или пренасочени со електронско попречување, додека 48 дронови успеале да погодат цели на територијата на Украина.

Од украинската армија наведуваат дека значителен број од нападите биле насочени кон критична инфраструктура во Черниговската област, на северот на земјата.

„Непријателот насочи голем број јуришни дронови кон критичната инфраструктура во Черниговската област“, соопшти украинската војска.

Засега не се објавени информации за материјална штета, повредени или загинати лица, пренесува францускиот весник Le Monde, повикувајќи се на официјални украински извори.

Нападите се случуваат во период кога се водат дипломатски разговори за можен крај на војната, која започна со руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. И покрај тие напори, воздушните напади со дронови и ракети продолжуваат со висок интензитет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни