Русија и Украина разменија тела на загинати војници

Русија и предаде на Украина тела на илјада загинати украински војници, а прими тела на 31 загинати руски војници.

Русија и предаде на Украина тела на илјада загинати украински војници, а прими тела на 31 загинати руски војници.

– Денеска е спроведена репатрација. Илјада тела, кои според Русија, се загинати украински војници, вратени се во Украина, соопшти украинската Агенција за воени заробеници.

Киев во средината на септември соопшти дека презела 1.000 тела на загинати војници, како и во јули и во август.

Од почетокот на месецот Русија и Украина разменија по 185 воени заробеници.

Размената на телата на загинатите војници и воени заробеници се единствените резултати од преговорите помеѓу Киев и Москва по повеќе од 3,5 години од почетокот на војната во Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни