Украина не е крајната цел?

Русија планира напад за да го тестира НАТО, предупредува шефот на германското БНД

Тој нагласи дека германските разузнавачи располагаат со „конкретни докази“ дека Украина не е крајната цел на Русија.

Русија е решена да ја тестира решителноста на НАТО алијансата, вклучително и со проширување на својата конфронтација со Западот надвор од границите на Украина, изјави шефот на германската разузнавачка служба за новинската организација „Тејбл медиа“, а пренесува Ројтерс

Бруно Кал, шеф на Федералната разузнавачка служба, рече дека неговата агенција има јасни разузнавачки индикации дека руските претставници веруваат дека колективните одбранбени обврски загарантирани во договорот на НАТО повеќе немаат практична сила.

Тој нагласи дека германските разузнавачи располагаат со „конкретни докази“ дека Украина не е крајната цел на Русија.

Без да ги детализира неговите разузнавачки извори, Кал рече дека руските претставници предвидуваат конфронтации што не претставуваат целосен воен ангажман што би тестирал дали САД навистина ќе ги исполнат своите обврски за меѓусебна помош според Член 5 од Северноатлантскиот договор.„Не им треба да испраќаат армии од тенкови за тоа“, рече тој.

„Доволно е да се испратат мали зелени луѓе во Естонија за да се заштитат наводно угнетените руски малцинства.“

Анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година вклучуваше окупација на згради и канцеларии од страна на руски војници во необележани униформи и цивилна облека, кои станаа познати како „малите зелени луѓе“ кога Москва првично го негираше нивниот идентитет.Кал не прецизираше кои функционери во Москва размислуваат на овој начин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни