Русија изврши напад со тешки бомбардери врз Киев, Полска ги подигна авионите за одбрана

Русија во ноќен напад го погоди Киев и други украински градови со стотици ракети и дронови. Киев беше делумно уништен, има повредени. Полска ги подигна борбените авиони и затвори дел од воздушниот простор над две региони како одговор на агресијата.

Во текот на ноќта, Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери Tu-95 и дронови Shahed. Воздушната тревога беше активирана низ цела Украина. Според извештаи, повеќе од 300 проектили и дронови биле користени.

Во Киев, погодена беше станбена зграда, има повредени граѓани, и предизвикани се пожари во околните згради и домови. Исто така, сериозни оштетувања имало и во Запорижја, каде што биле оштетени училишта, домови и индустриски објекти, а имало и повредени.

Како реакција на нападите, Полска го затвори воздушниот простор над два региони (Лублин и Жешов) и подигна борбени авиони, поради загриженост од можни прекршувања на нејзиниот воздушен простор од руска страна.

Овој напад доаѓа по неодамнешната средба на украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк, каде Трамп изјавил дека Украина има капацитет „да ја врати целата своја територија“ со поддршка од ЕУ. Тој исто така го критикувал Путин поради нападите врз цивили.

Настаните ја поттикнуваат дебатата за евентуално „затворање на небото над Украина“, бидејќи руските летала се приближуваат до НАТО-простор, што предизвикува загриженост во Европа. НАТО ја активираше мисијата „Источна стража“ и дискусиите за зголемена заштита се повторно актуелни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни