Русија и Украина без договор: Првата рунда преговори заврши без резултат

Вчера во Истанбул се одржа првата рунда преговори меѓу делегациите на Украина и Русија. И покрај најавите за можен состанок на претседателите Зеленски и Путин, тоа не се случи.
SState flag of Ukraine carried by a protester to the heart of developing clashes in Kyiv, Ukraine. Events of February 18, 2014.

Исто така, преговорите, кои требаше да почнат на 15 мај, започнаа со еден ден задоцнување. Претходно Зеленски беше во Анкара, каде се обиде да изврши притисок врз Путин да присуствува.

Делегациите на двете страни најпрвин имаа одделни средби со американски претставници, по што се состанаа во затворена соба. Средбата траеше речиси два часа, но детали не беа објавени.

Медиумите известуваа дека преговорите биле на работ на колапс, а дури имало и ултиматуми од руската страна, вклучувајќи повлекување на Киев од четири украински региони што ги окупира Русија. Овие тврдења, сепак, не беа официјално потврдени.

Единствен договор беше најголема размена на воени заробеници – околу илјада војници.

Засега нема договор за прекин на огнот. Русија и Украина најавија продолжување на преговорите, со подготовка на предлози за примирје.

По средбата, Зеленски се сретна со европски лидери кои го повикаа американскиот претседател да го зголеми притисокот врз Москва. Единствен поблаг став имаше германскиот канцелар Олаф Мерц, кој оцени дека има „позитивен сигнал“, и покрај попречувањето од Русија.

Позициите остануваат цврсти: Киев отфрла каква било иницијатива за прекин на огнот која би значела капитулација, а Москва останува на своите барања. Реакцијата на Вашингтон засега е двосмислена, па постои опасност САД да се повлечат од преговорите или од воениот ангажман во Украина.

И покрај ова, Киев продолжува да учествува во преговорите, надевајќи се на поддршка од Западот.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни