Русија ја окупираше украинската нуклеарка: „Спремни сме да разговараме со САД за горивото“

Русија ја потврди подготвеноста да разговара со американската компанија Westinghouse за прашањето со нуклеарното гориво во окупираната украинска нуклеарна централа Запорожје, јавува агенцијата РИА Новости.

Шефот на руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“, Алексеј Лихачов, изјави дека Москва е отворена за дијалог со Вашингтон. Во јуни Русија побара од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да посредува меѓу двете страни заради решавање на статусот на американското гориво складирано во централата.

Според Лихачов, претходно Westinghouse и американски енергетски претставници изразиле загриженост околу прашања поврзани со интелектуалната сопственост на горивото.

Потсетуваме, руските сили ја окупираа нуклеарката Запорожје на почетокот на војната во Украина. Станува збор за најголемата нуклеарна електрана во Европа.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни