Рубио: Најпродуктивен состанок во Женева досега, разговорите продолжуваат

Американскиот државен секретар Марко Рубио го оцени состанокот во Женева како најпродуктивен досега во мировниот процес, најавувајќи продолжување на разговорите за праведен и траен мир

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека денешниот состанок во Женева веројатно бил најпродуктивниот и најзначајниот досега во овој мировен процес. Тој најави дека разговорите ќе продолжат во наредните денови.

На кратка прес-конференција, на која присуствуваше и шефот на украинскиот преговарачки тим Андриј Јермак, Рубио рече дека во моментот нема да биде овозможено поставување прашања, но дека вечерва ќе се обрати уште еднаш до новинарите.

„Имаме резултат изграден врз основа на придонесот на сите вклучени страни и постигнавме добар напредок минувајќи низ сите точки“, изјави Рубио, пренесува CNN.

Тој додаде дека се разгледуваат некои предложени решенија и се прават измени и прилагодувања за да се приближат до решение кое би било прифатливо и за Украина и за САД. Рубио истакна дека постои и руската страна на едначината, нагласувајќи дека имаат „значајни увиди“ за тоа што е важно за Москва.

Американските и украинските официјални лица во моментов работат на доработување на планот, со надеж дека ќе се намалат разликите. Планот ќе мора да го одобрат претседателите Доналд Трамп и Володимир Зеленски, а Рубио истакна дека се „многу задоволен од постигнатиот напредок“.

Андриј Јермак го оцени состанокот како многу продуктивен, нагласувајќи дека работите се движат кон „праведен и траен мир“. Тој исто така изрази благодарност кон Трамп и најави дека работата на заедничкиот предлог со САД и европските сојузници ќе продолжи денеска и во наредните денови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни