Roomania.mk и клубот Оревче најавуваат специјален летен настан на плажата Оревче

Настанот ќе обедини три истакнати имиња, од регионалната електронска сцена – Ива Арифај, како и македонското дуо Митрик и Самарџиски

На 27 јули (недела), со почеток во 12 часот, плажата Оревче ќе биде домаќин на ексклузивен музички настан, резултат на соработката помеѓу платформата Roomania.mk и клубот Оревче. Настанот ќе обедини три истакнати имиња, од регионалната електронска сцена – Ива Арифај, како и македонското дуо Митрик и Самарџиски.

Ива Арифај доаѓа од Србија и веќе речиси една деценија е важен дел од белградската андерграунд сцена. Нејзиниот препознатлив стил е мешавина од груви хаус, хипнотички ритами и длабоки тех-хаус елементи, а со настапи на фестивали како Exit, Lovefest и Arsenal, како и клубови низ Србија и Европа, ја позиционира својата звучна естетика на високо ниво. Ива е дел од колективите Disconnection и CMOK, и преку својата месечна радио емисија на D59B, таа се поврзува со публиката и преку амбиентален, даунтемпо и диско звук.

Митрик и Самарџиски се диџеј дуо кое веќе десет години активно ја гради и поддржува електронската сцена во Македонија. Како основачи на брендот Room 313, зад себе имаат организирано стотици клубски настани, а преку онлајн платформата Roomania.mk спроведуваат интервјуа со значајни имиња од светската сцена, паралелно давајќи силна поддршка на домашните артисти. Како резиденти во неколку водечки македонски клубови, нивната работа е препознаена и надвор од земјата, со настапи во познати клубови низ Германија и соработки со артисти од сличен музички правец.

Настанот на Оревче претставува симбиоза на квалитетна музика, искуство и атмосфера на едно од најубавите локации на Охридското езеро. Просторот, природата и внимателната музичка селекција ветуваат автентично летно доживување, посветено на сите љубители на електронскиот звук.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни