Ројтерс: Планот на Трамп за Украина всушност е руски

Договорот првично се состоел од 28 точки, но по американско-украинските разговори во Женева викендов, бил намален на 19 точки
epa12303747 Russian President Vladimir Putin (L) and US President Donald Trump shake hands at the end of a joint news conference following their meeting at Joint Base Elmendorf-Richardson in Anchorage, Alaska, USA, 15 August 2025. EPA/SERGEY BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Повикувајќи се на три различни извори, агенцијата Ројтерс тврди дека планот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, за ставање крај на војната во Украина, всушност има руско потекло.

Според тие извори, планот се градел врз документ што го изработила Русија и што Москва го доставила на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп во октомври.​

Рускиот документ, кој им беше предаден на високи американски претставници кон средината на октомври по состанокот меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон, ги детализираше условите на Москва за завршување на војната. Условите ги вклучуваа оние што Украина претходно ги отфрли, како што е отстапувањето на значителен дел од територијата на истокот на земјата.

Ова е прва потврда дека документот, чие постоење првпат го објави Ројтерс во октомври, бил клучен придонесувач за мировниот план од 28 точки.

Сепак, новиот развој на настаните укажува дека Мировниот план е изменет, а претходниот поставен рок за одговор од Украина (до утре) сега е пролонгиран.

Доналд Трамп го повлече својот претходен краен рок за потпишување мировен договор за Украина на 27 ноември и го отфрли извештајот дека американскиот преговарач Стив Виткоф ги советувал Русите како да му пристапат за оваа тема. Тој кажа дека американските преговарачи напредуваат во разговорите со Русија и Украина и дека Москва се согласила со некои отстапки, за што не изнесе детали.

„Јас и моите соработници се откажавме од цврст краен рок за потпишување на договорот, но би сакале тоа да се случи најрано што може. Крајниот рок за мене е кога е готово“, кажа Трамп.

Американска мировна рамка, за која првпат беше известено минатата недела, ја обнови загриженоста дека владата на Трамп би можела да ја натера Украина да потпише мировен план кој силно ја фаворизира Русија. Тој првично се состоел од 28 точки, но по американско-украинските разговори во Женева викендов, бил намален на 19 точки. Украина притоа кажа дека постигнала „заедничко разбирање“ со САД за договор за крај на војната.

Трамп вчера кажа дека оригиналниот план бил дотеран со дополнителен придонес од двете страни и дека Виткоф ќе се сретне со Владимир Путин во Москва следната недела, додека секретарот на американската војска Ден Дрискол ќе разговара со Украинците оваа недела. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни