Постигнат е договор помеѓу родителите и обвинителите. Обвинителка им ја објасни на родителите законската процедура и потребата од обдукција по што роднините на загинатите се повлекоа од Кочанската болница и ветија дека ќе дозволат телата на нивните деца да бидат однесени на обдукција.
Во Општата болница во Кочани пристигнаа триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје.
Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека мора да се изврши обдукација на секое починато лице.
– По идентификацијата ќе бидат однесени на одбукција во Скопје – рече тој..