Роботската хирургија ќе стане „стандардна“ за 90% од лапароскопските операции до 2035 година

Бројот на пациенти што ќе добиваат роботски асистирана хирургија ќе порасне од 70.000 на 500.000 годишно до 2035

Во обид да се намалат големите листи на чекање за болнички третман, NHS (Јавниот здравствен систем на Англија) планира драматично зголемување на користењето роботска хирургија во следната деценија.

Бројот на пациенти што ќе добиваат роботски асистирана хирургија ќе порасне од 70.000 на 500.000 годишно до 2035. До тогаш, 90% од лапароскопските (keyhole) операции – како што се оние за рак, хистеректомии и замена на зглобови – ќе се изведуваат со помош на роботи. Денес тоа се прави кај само 20% од случаите.

„Оваа технологија не само што го зголемува бројот на операции кои NHS може да ги направи, туку и резултира со подобри исходи, побрзо заздравување и пократок престој во болница за пациентите“ изјави NHS директорот, Сер Џим Меки.

Како функционира роботската хирургија?

Хирургот управува со робот од конзола, користејќи 3D камера. Хируршките инструменти, кои може да бидат мали и до 5mm, се насочуваат со голема прецизност. Роботот може да биде и претходно програмиран.

„Брзото заздравување не само што е добро за пациентите, туку ослободува и кревети во болниците, со што се намалува притисокот врз системот“ вели проф. Џон Мекграт (NHS England):

Придобивки од оваа хирургија се помалку компликации, помала физичка исцрпеност за хирурзите и поголем број сложени операции дневно како и помал престој во болница

Националниот институт за здравје и грижа (NICE) одобри роботска хирургија за: 5 видови на меки ткива (на пр. хернии, жолчка) и 6 ортопедски процедури (вклучувајќи колкови и колена)
„Ова може да биде пресврт во борбата со доцнењата во третманот на рак“, велат од хуманитарната организација.

Претседателот на Кралскиот колеџ за хирурзи, Тим Мичел, предупредува дека без значајно зголемување на капиталните инвестиции, NHS нема да може да ја оствари визијата.
„Роботската хирургија е иднината, но таа не може да функционира во згради кои буквално паѓаат“, рече тој.

Министерот за здравство, Вез Стритинг, кој имал роботска операција по дијагноза на рак на бубрег во 2021, изјави: „Инновациите како роботската хирургија се клучни за да ја трансформираме NHS во модерен и ефикасен систем.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни