Роботот „Шарлот“ изгради куќа со три спални за 24 часа

Роботот „Шарлот“ може да печати дом од 200 квадрати во 3Д за еден ден, со значително пониска цена од традиционалната градба.

Нови достигнувања во градежната роботика овозможија изградба на куќа со три спални соби за само 24 часа, по значително пониска цена од класичната градба.

Инженери од компаниите Crest Robotics и Earthbuilt Technology во Австралија го развиле автономниот робот наречен „Шарлот“ (Charlotte) – машина со шест нозе, налик на пајак, способна целосно да печати куќа од околу 2000 квадратни метри во 3Д, во рок од едно деноноќие.

Според креаторите, роботот „Шарлот“ работи со прецизност и брзина што се споредува со тим од околу 100 ѕидари. Роботот може да функционира непрекинато, без постојан човечки надзор, што значително ги намалува трошоците за работна сила.

Иако целосно завршена куќа изградена со 3Д-печатење, со рачна финална обработка и ентериер, може да чини над 150.000 долари, основното структурно печатење за одредени модели се движи меѓу 4.000 и 10.000 долари.

Овие системи често користат еколошки композити направени од локално набавен песок, рециклирано стакло и дробени тули, со што се намалува потребата од транспорт на бетон и класични градежни материјали.

Технологијата веќе се применува и во други земји. Во Тексас е изградена најголемата заедница на куќи печатени со 3Д-технологија, каде што домовите со три спални соби се продаваат по цена од околу 450.000 долари и вклучуваат модерни завршни решенија и современа архитектура.

Во Индија, компании како Cretebots нудат 3Д-печатени куќи со три спални по цена од 16 до 22 лакха рупии, што изнесува приближно од 19.000 до 26.000 долари.

Овие примери укажуваат дека градежната индустрија забрзано се трансформира, а автоматизацијата и 3Д-печатењето би можеле значително да влијаат врз достапноста и цената на домувањето во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни