Робот-готвач воведен во мензата на Мета во Германија

Во мензата на компанијата „Мета“ во Минхен, воведен е робот-готвач кој, со помош на вештачка интелигенција, подготвува оброци за вработените, соопшти компанијата “Circus SE”, производител на уредот.

Модулот наречен CA-1 комбинира роботски раце и индукциски плочи за готвење, пишува “Bild”.

Машината од ладилниците презема состојки, ги загрева и сервира оброк во рок од три до четири минути, а потоа автоматски го пере садот.

Понудата вклучува јадења како тестенини, леќа и салата, а оброците се земаат со помош на QR код. Цената на оброкот е помеѓу пет и шест евра по порција.

Според зборовите на основачот на компанијата “Circus”, Николас Булвинкел, машината може да подготви до 100 оброци на час и да ги намали трошоците за персоналот за 95 отсто.

Автоматот се полни со свежи, претходно подготвени состојки и се одржува еднаш дневно. Уредот чини околу 250.000 евра, додека месечната лиценца изнесува најмалку 10.000 евра, во зависност од менито.

По “Мета”, интерес покажале и други компании, вклучувајќи ги “Rewe”, “Hem”, “Strabag” и “Mercedes”.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни