Со одлука на ЕХФ, РК Алкалоид со 10:0 службено го доби реванш мечот со АЕК од Атина поради тоа што грчката екипа одби да игра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со тоа и официјално Алкалоид го овои пехарот во ЕХФ Европскиот куп.
Ова е огромен успех за релaтивнo новиот македонски ракометен клуб, но и дополнителен триумф за македонскиот ракомет.
РК Алкалоид е третиот македонски ракометен клуб што освоил европско клупско натпреварување.
Честа да го освои првиот европски трофеј ја имеше екипата на Кометал Ѓорче Петров во сега веќе далечната 2002 година.
„Ѓорчевките“ предводени од Индира Кастратовиќ славеа во двомечот со унгарски Ференцварош и ја освоија првата европска титула.
Во машка конкуренција, РК Вардар на два пати ја освојуваше Лигата на шампионите, прво во 2017 а потоа и во 2019, совладувајќи ги екипите на Веспрем (2019) и ПСЖ (2017)