„Мојата музика не е академска, не е пасторала со реки и шуми – таа е музика на градот. Тоа е традиција што живее 70 години, неквалификувана, но жива“, рече Вртев, дефинирајќи го својот звук како поезија на урбаното секојдневие.
Финансирањето на музиката, како што рече, е лична инвестиција. „Никој не дал пари освен мене. Финансирано е од оној со кого зборувате“, рече Вртев, не со горчина, туку со одлучност и верба во вредноста на независноста.
За настапот на „Архангел“ рече дека уметнички е најквалитетната вечер на фестивалот, иако призна дека кичот можеби владее. „Нека повели“, додаде тој, со доза на иронија која само ја зајакнува неговата автентичност.

Вртев сведочи за цела една сцена, за цела една генерација. За вредностите што не се мерат во пари, туку во истрајност.