Римска гробница откриена во Албанија во близина на границата со Македонија

Гробницата, со димензии девет на шест метри, е првото откритие во Албанија на она што експертите го сметаат за почивалиште на богато лице

Археолози во Албанија открија голема римска погребна комора од третиот до четвртиот век од н.е., прва од ваков вид пронајдена во балканската земја која некогаш била дел од Римското Царство.

Откако мештаните ги известиле дека нашле необични камења на плато во близина на границата со Македонија, вработените од Институтот за археологија започнаа со ископување на почетокот на август и пронајдоа подземна структура чии големи варовнички плочи биле испишани со грчки букви.

„Натписот ни кажува дека лицето погребано тука го носел името Џелијано, име типично за римскиот период. Не сме сигурни за идентитетот на второто лице, но веројатно е член на семејството“, рече Ериксон Николи, водечки археолог на проектот.

Гробницата, со димензии девет на шест метри, е првото откритие во Албанија на она што експертите го сметаат за почивалиште на богато лице, поголемо од другите гробишта пронајдени во областа.

Притоа, откриени се подземна структура и големи варовнички плочи со натписи со хеленски букви.

– Исто така, откривме парче ткаенина извезено со златен конец, што го потврдува нашето верување дека тука се работи за член на горната класа… Меѓу другите наоди има и стаклени чинии и ножеви. Но, гробницата била ограбена најмалку двапати – еднаш во антиката и подоцна кога била употребена тешка машинерија за да се премести масивна карпа до врвот на подземната градба, додаде Николи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни