Рим ќе го ограничи пристапот до Фонтана ди Треви и ќе наплаќа влезница

Рим размислува да го ограничи пристапот до „Фонтана ди Треви“, еден од најпосетените споменици во градот, поради очекуваното зголемување на бројот на туристи идната година.
Фото: Fred Romero from Paris, France, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Италијанската престолнина се подготвува да биде домќин на Светата година или црковниот јубилеј, едногодишен римокатолички настан, за кој се очекува дека во 2025 година во Рим и Ватикан ќе пристигнат 32 милиони туристи и верници.

Според нацрт-предлогот, за посета на фонтаната ќе биде потребно однапред да се резервира термин, а термини ќе има само за ограничен број на луѓе.

„Рамисламе тоа да го направиме да биде бесплатно за Римјаните, а за оние кои не се жители на градот да се наплаќа симболична карта од едно или две евра“ вели римскиот советник за туризам, Алесандро Онорато.

Градоначалникот Роберто Гуалтиери во средата најави дека мерките за ограничувања на туристите се многу конкретна можност.

„Ситуацијата кај Фонтана ди Треви е се потешка за управување“ изјави тој пред новинарите.

Други градови се соочија со протести поради проблемите предизвикани од таканаречениот прекумерен туризам, вклучувајќи ги Барселона и Венеција, каде локалните власти оваа година испробаа програма за наплата на посетителите за влез во градот.

Фонтаната ди Треви, каде посетителите традиционално фрлаат паричка за да го гарантираат нивното враќање во Рим и исполнувањето на нивните желби, долго време е главна атракција, дури и за светските лидери кои го посетуваат градот.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни