Режисер на Војна на ѕвездите вели дека муралот му е повреден од Оскар

Фото: BBC

Режисерот на „Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите“ изјави дека муралот кој му е посветен во неговиот роден град, го цени повеќе од тоа да добиел Оскар.

Герет Едвардс, кој потекнува од Нанитон во Англија, преку видео-повик се поврза со двајцата артисти кои го цртаа муралот во неговиот град, откако неговата мајка забележала дека го цртаат. Нејтан Паркер, го црташе муралот, заедно со уметникот Si W.

„Таа ги видел стормтруметите како се појавуваат на ѕидот, па ни пријде и ни се претстави“ рече Паркер.

Фото: BBC

Тој додава дека идејата за цртање на муралот им дошла за одбележување на 4 мај – Денот на Војна на ѕвездите.

„4 мај е традиционална Ден на Војна на ѕвездите , па мислевме да нацртаме мурал за да го прославиме фактот што Герет е од Нанитон“ рече Патрик.

Фото: BBC

Мајката на режисерот Едвардс се обидела да му се јави уште на 3 мај, кога го видела муралот, но тој не кренал, по што се вратила следниот ден, на Денот на Војна на ѕвездите и заедно со уметниците му го покажала муралот.

„Тој беше навистина задоволен со тоа што го направививме, па тоа и нам ни го направи денот“ рече Паркер.

Фото: Getty Images

„Неговите пријатели му рекоа дека е подобро од освојување на награда, но тој погледна во телефонот и рече дека е подобро од добивање Оскар. Беше навистина скромен“ рече Паркер.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни